Американски архитект помага во реновирање на станови за раселени Украинци

Your browser doesn’t support HTML5

Архитект од САД помага во дизајнирање и реновирање на станови за внатрешно раселените Украинци. Од Гласот на Америка Тетиана Кукурика има повеќе.

33-годишниот Американец Мајкл Бем е архитект.

Тој пристигна во Украина во јануари 2023 година за да волонтира во добротворната група „Помош за Украина“.

Вели дека и покрај опасностите, семејството и пријателите го поддржуваат.

Бем помага во дизајнирање и реновирање на домовите за внатрешно раселените Украинци. Ги менува прозорците и вратите, поставува водовод и изолација, обновува тушеви и кујни.

Работел во областа Тернопил во Украина пред да пристигне овде - мала заедница во регионот Хмелницки.Бем планира да остане во Украина и по завршувањето на војната за да помогне во обновата на земјата.