Американската армија сама ги покрива трошоците за обука на украинските сили

Your browser doesn’t support HTML5

Армијата на САД беше принудена самата да ги покрие трошоците за американската обука на украинските сили, стратегија што би можела да ја остави Армијата без финансии во Европа, додека руската војна против Украина влегува во третата година. Известува Карла Баб.

Конгресот допрва треба да го усвои буџетот за одбрана или да гласа во Претставничкиот дом за дополнителна воена помош за Украина. Во меѓувреме, американската армија плаќа за обука на Украинците.

„Тоа е суштинска мисија. Не можеме да им свртиме грб. Нашата армија и нашите служби ќе треба да почнат да разговараат и да донесуваат некои тешки одлуки кои ќе влијаат на силите“, вели Сабрина Синг, заменик прес-секретарка на Пентагон.

Официјални претставници на армијата за Гласот на Америка рекоа дека ако ништо не се промени, американската армија во Европа и Африка ќе останат без средства за сè - вклучително и за поддршка за Украина, и операции и вежби на САД со сојузниците во НАТО планирани за почетокот на летото.

Финансиската криза за која заменик-секретарот за односи со новинарите на Пентагон, Сабрина Синг вели дека ја прави ситуацијата поургентна.

„Дефинитивно сме ранливи. Не можеме да се модернизираме. Не можеме да ги менуваме програмите. Тоа е како да се бориме со едната рака врзана зад грб“, додава Синг.
Како што истакнуваат аналитичарите, руската војна против Украина ќе се почувствува низ европскиот континент.

„Ако почнете да ја намалувате обуката и подготвеноста на американските сили во Европа, тогаш тоа е уште еден подарок за рускиот претседател Владимир Путин“, вели Бред Бауман од Фондацијата за одбрана на демократии.

Подарок за кој армискиот ветеран и поранешен вработен во Капитол Хил Бред Бауман вели дека ќе поттикне натамошна агресија од Русија и ќе има многу повисока цена од сегашниот буџет.
„Давањето оружје на Украина денес, значи дека не мора да имаме Американци кои ги даваат своите животи утре. Толку просто е“, вели Бауман.

Украинскиот министер за надворешни работи неодамна за Си-Ен-Ен изјави дека Украина немаше да го изгуби градот Авдиивка, од каде што неодамна се повлекоа силите на Киев, доколку Украина „ја добиеше сета артилериска муниција“ што беше потребна за да ја одбрани.