Дали сте знаеле дека Америка, како и милиони Американци, има „Извод од матичната книга на родените“?
Не станува збор за Декларацијата на независност, документот што 1776-та го потпишаа основачите на нацијата за одделување од британското кралство. Всушност, не се работи ниту за сертификат, ниту некаков друг документ.
Станува збор за географска карта.
269 години пред да започне да постои нација под името Соединети Американски Држави, германскиот картограф Маретин Валдземулер нацртал карта на Западната хемисфера која прва донесува референца на името Америка.
Ова се случило 15 години откако истражувачот од Џенова Кристофер Колумбо и неговиот екипаж стасале до новата непозна земја. Географската карта само ја поддржала еретичката теорија на Америго Веспучи дека далечното копно е нов континент или поточно, два, како што се покажало подоцна.
Веспучи, и самиот италијански морепловец, бил дел од португалски експедиции до она што денеска е Бразил, и тоа неколку години по мисијата на Колумбо. Сметајќи дека Веспучи, а не Колумбо ја открил Западната хемисфера, Валдземулер го именувал мистериозниот нов континент Америка на неговата географска карта, користејќи ја латинската верзија од првото име на Америго Веспучи.
Рачно изработената географска карта за Новиот свет била составена од 12 делови. Ја поседувал германски принц и негови наследници, и за јавноста била непозната повеќе од 350 години. Се наоѓала во германски дворец од 16-от век.
Конгресната библиотека, која е седиште на сите опсежни географски карти и атласи во светот, го нарачала својот крштален лист во 2003-та по цена од - 10 милиони долари.
Националниот институт за стандарди и технологии изработил херметички затворен дрвен сандак, со цел да се заштити делото на Валдсем. Географската карта е дел од изложбата во галеријата за посетители во историската зграда Џеферсон, која се наоѓа веднаш зад Конгресот во Вашингтон.