Белата куќа го номинираше Пол Волерс за нов амбасадор во Македонија

Белата куќа го номинираше Пол Волерс за нов амбасадор во Македонија

Од 2004-та до 2007-ма беше заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје

Белата куќа го номинираше Пол Волерс за нов американски амбасадор во Република Македонија. Според вообичаената процедура, следен на потег е Сенатот, кој треба да се изјасни за кандидатурата.

Волерс сега е заменик-извршен државен секретар во Стејт департментот, а бил и директор на Канцеларијата за кавкаски прашања и регионални конфликти.

Тој има директно искуство од Македонија – од 2004-та до 2007-ма беше заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје. Бил и на дипломатски позиции во Букурешт, Москва и Никозија.

Во Вашингтон, Волерс има работено и на контролата на вооружувањето во Бирото за политичко-армиски прашања, а бил задолжен и за Бангладеш во Бирото за јужноазиски прашања.

Волерс дипломирал на Морнаричката академија на САД, а докторирал право на Универзитеот на Вашингтон.