Компанијата Амазон го зголеми растот на економијата на САД, откако се` повеќе Американци почнаа да купуваат храна на интернет.
Согласно извештајот на Инситутот за маркетинг на храна, купувањето прехрамбени производи на интернет, ќе претставува 20 проценти од вкупното пазарње до 2025-та година.
Како и за разни други производи што Американците ги купуваат онлајн, тие се` помалку се двоумат да купуваат и храна.
Неодамнешната анкета на „Галуп“ открива дека околу 20 отсто од жителите на САД го користат овој начин на пазарење, но, само 9 проценти купувале свежи производи или месо.
На пример, она што најмногу го продава Амазон, се пијалоци, брзи оброци и намирници за појадок.
Амазон води во продажба на храна онлајн, со 18 проценти или околу 2 милијарди долари од вкупниот пазар на интернет, велат аналитичарите.
Продажбата се очекува уште повеќе да се зголеми, со неодамнешното купување на синџирот маркети за храна „Хол фудс“.