Се` уште се чека на евакуацијата во Алепо

Планот е најпрво да се пренесат болните, а потоа другите цивили и опозициони борци од источниот дел на Алепо, заземен во опозицијата во 2012-та

Втор ден по ред продолжува неизвесноста за тоа дали ќе се создадат услови за евакуација на жителите во Алепо, затечени во борбите.

Планот е најпрво да се пренесат болните, а потоа другите цивили и опозициони борци од источниот дел на Алепо, заземен во опозицијата во 2012-та.

Обновеното насилство е дел од причината заради одложување на евакуацијата првично закажана во средата, додека вклучените страни во конфликтот продолжија со меѓусебните обвинувања за прекршување на договорот за прекин на огнот.