Ако Синдикатот и газдите се договорат за минималец од 450 евра, Владата ќе прифати

Your browser doesn’t support HTML5

ССМ и Организацијата на работодавачи (ОРД) остануваат длабоко вкопани во своите ровови кога станува збор за минимална плата во висина од 450 евра, а Владата порачува дека за нив е прифатлив било каков постигнат договор меѓу нив

ССМ и Организацијата на работодавачи (ОРД) остануваат длабоко вкопани во своите ровови кога станува збор за минимална плата во висина од 450 евра, а Владата порачува дека за нив е прифатлив било каков постигнат договор меѓу нив. Од Синдикатот се задоволни што се предвидени речиси 14 отсто повеќе средства и нагласуваат дека нема да има поместување по однос на нивното барање – минималец – 450 евра.работодавачите велат дека барањето на Синдикатот е паушално а минималната плата ќе се покачува согласно законот.Во Буџетот за 2025 година кој сеуште е во Собрание предвидени се 105 млијарди денари за исплата на пензии со што ќе се покрие и најавеното зголемување на пензиите од 2.500 денари во март и околу 53 милијарди денари за исплата на плати за вработените во јавната администрација