Акциите на косовската полиција беа претерани, вели дипломатот Курт Волкер

  • VOA

Според поранешниот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Даниел Фрид, кризата е предизвикана од грешките на косовската влада.

Не мируваат тензиите на Косово. За ситуацијата реагираше и американската влада. Гласот на Америка побара став од американски дипломати.

Поранешниот амбасадор во НАТО, Курт Волкер вели дека акциите на косовската полиција беа претерани и оти требало да постапат со голема претпазливост. Тој вели дека причината е неколкугодишната националистичка активност од страна на Србија.

„Тоа навистина помина непроверено. И мислам дека се креираше ситуација во која Косово чувствува нагризување на суверенитетот. Српските заедници одбија да учествуваат на локалните избори, обидувајќи се да формираат заедница со поддршка, кое пак, се почувствуваа дека Србија се обидува да се зацврсти во Косово, што, се разбира, беше неприфатливо за косовските власти“, изјави Волтер.

Тој решението го гледа во „поголем ангажман од САД и ЕУ за потиснување на националистичките тенденции“.

„Косово зависи од многу блиски односи со САД. Затоа, неразумно и непромислено е тие да продолжат и да ги преземаат овие активности без консултација со САД. И мислам дека тоа се одразува во изјавата на секретарот Блинкен. Во исто време, мислам дека изјавата занемарува дел од одговорноста на САД и на Европската унија за неуспехот да се држат под контрола некои од овие српски националистички акции со текот на времето, што е причина да го натера Косово на фрустрации“, вели Волтер во интервјуто за Глас на Америка.

Кризата, се чини, е предизвикана од грешките на косовската влада, вели поранешниот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Даниел Фрид. Во однос на изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во која предупреди дека постапките на косовската влада ќе сносат последици врз билатералните односи, дипломатот Фрид вели дека ја разбира фрустрацијата од американска страна и вели дека САД имаат намера да го привлечат вниманието на косовската влада.

„Грешка е да ја земате американската поддршка здраво за готово или да се однесувате како да е трајна и ќе продолжи без оглед на вашите постапки. Соединетите Американски Држави навистина имаат големо трпение“, изјави Фрид.

Фрид додава дека ова е најголемиот прекин во соработката меѓу САД и Косово.

„Ова е најсилниот свеж израз на американското противење на чинот на косовската влада на кој можам да се сетам. Се сомневам дека фрустрацијата беше оправдана. Повторно, не крајот на светот, туку косовската влада треба да најде начин да се повлече“, вели Фрид во интервјуто за Гласот на Америка.

Овој текст е компилација од интервјуа дадени за редакциите на албански и српски јазик на Гласот на Америка.