САД ја засилуваат безбедноста на аеродромите

Засилените мерки ќе важат за аеродроми на Блискиот исток со летови кон САД

Американските власти во петокот воведоа засилување на обезбедувањето на аеродромите на Блискиот исток од каде патнички и карго авиони полетуваат кон САД, во време додека трае истрагата за тоа дали бомба е причина за падот на рускиот авион над Синајскиот Полуостров минатата недела.

Директорот на агенцијата за Национална безбедност Џех Џонсон кажа дека се работи за мерки на претпазливост. Тој не ги именуваше аеродромите каде безбедносните мерки ќе бидат зајакнати.