Амбасадорката на САД во Северна Македонија, очекувано за еден дипломат, е воздржана за исходот од денешните претседателски избори во нејзината земја кои се во фокусот на целата светска јавност. Анџела Агелер кусо изјави дека е должност на секој гараѓанин да гласа и дека со нетрпение ги чека резултатите.
„Мојата порака како амбасадор на Соединетите Држави овде во Македонија е доста конзистентна, исто како што беше тоа и со вашите избори. Апсолутно е важно секој граѓанин да излезе и да гласа. Гласањето во една демократија е света одговорност и огромна привилегија. Јас гласав. Со нетрпение чекам и се надевам на мирна и фер транзиција на власта, тоа е она што го очекуваме. И јас, како и сите вие со нетрпение чекам да видам кој ќе победи. Ќе гледаме заедно“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија.