Американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан, Залмај Халилзад, се состана со лидерите на Талибанците во Катар за да го разгледа спроведувањето на мировниот договор со цел да се стави крај на скоро две децении долгиот авганистански конфликт.
По неговата средба во Доха со талибанците, Халилзад отпатува за Пакистан
Портпарол на Талибанците, соопштувајќи детали за состанокот во неделата во катарскиот главен град Доха, рече дека Халилзад бил придружуван од генералот Скот Милер, американскиот командант на меѓународните трупи во Авганистан.
„Двете страни разговараа за брзо ослободување на затворениците и започнување на внатрешни-авганистански преговори, покрај другите релевантни прашања“, објави во порака на Твитер Сухаил Шахин, кој зборуваше за политичката канцеларија на Талибанците во Доха.
Шахин рече дека Мула Абдул Гани Барадар, политички заменик на шефот на Талибанците, ја предводел делегацијата на бунтовниците на разговорите во неделата. Тој истакна дека специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Катар, Мутлак ал-Кахтани, исто така присуствувал на состанокот.
Во претходното соопштение минатата недела, американскиот Стејт департмент посочи дека „примарниот фокус“ на посетата на Халилзад е да „се постигне договор меѓу авганистанските страни за практичните следни чекори неопходни за непречен почеток на внатрешните вганистански преговори“.
Долгоочекуваниот внатрешен авганистански дијалог е поврзан со размена на затвореници меѓу авганистанската влада и бунтовничката група.
Од Кабул се бара да ослободи 5.000 талибански затвореници во замена за 1.000 припадници на авганистански персонал што ги држат бунтовниците. Досега, Талибанците велат дека ослободиле близу 460 затвореници, додека владата вели дека ослободила околу 2.700 бунтовници.
Непријателството на бојното поле, во меѓувреме, се шири во последните неколку недели, со тоа што Талибанците започнаа големи рации против авганистанските безбедносни сили. Владата одговори со засилување на операциите за вонредни ситуации.
Бунтовниците, сепак, престанаа со нападите врз меѓународните сили предводени од САД во согласност со договорот, во кој се бара сите странски сили да го напуштат Авганистан до средината на 2021 година. Американските војници, исто така, ги прекинаа директните напади врз бунтовниците.
Непријателството на бојното поле се шири во последните неколку недели. Талибанците започнаа големи рации против авганистанските безбедносни сили
Талибанците и авганистанската влада забележаа привремен прекин на огнот за време на тридневните годишни празнувања на Еид, кои завршија на 26 мај. Но, насилството оттогаш се зголеми повторно, поради што американската војска минатата недела започна со воздушни напади за да ги осуети талибанските напади врз авганистанските сили.
По неговата средба во Доха со талибанците, Халилзад отпатува за Пакистан, каде се состана со воениот началник на државата, генералот Камар Јавад Бајва. Во пакистанското воено соопштение беше посочено дека се разговарало за авганистанскиотполитички процес на помирување, напорите на Пакистан за зајакнување на безбедноста на пакистанската граница со Авганистан и присуството на скоро три милиони авганистански бегалци на пакистанска територија.
Во соопштението на американската амбасада се вели декаХалилзад „изразил благодарност“ за улогата на пакистанскиот премиер Имран Кан и Бајва „во поддршката на мирот во Авганистан“.
Халилзад и Бајва „се согласија дека мирот во Авганистан нуди невидена можност за унапредување на безбедноста, поврзаноста и развојот на регионот“, се додава во соопштението.
Предвидено е Халилзад да го посети Авганистан во текот на последниот дел од неговото патување во трите држави.