Администрацијата на Бајден користи нови построги правила за мигрантите

Администрацијата на Бајден користи нови правила за управување со протокот на мигранти со тоа што ги обесхрабрува да доаѓаат на границата меѓу САД и Мексико, одложувајќи ги нивните барања откако ќе пристигнат или отстранувајќи ги доколку не ги следат упатствата.

Во месецот по завршувањето на итната здравствена наредба што се користеше за време на пандемијата на границата, Соединетите држави повторно се фокусираат на одвраќање и управување со имиграцијата.

Во мај, администрацијата на Бајден воведе строги мерки за азил кога официјално заврши мерката за јавно здравје позната како Наредба 42. Таа им дозволуваше на граничните службеници по брза постапка да протераат некои мигранти во Мексико или нивните матични земји.

Роберт Меки Ирвин, заменик директор на Глобалниот центар за миграција на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, изјави за Гласот на Америка дека политиките на администрацијата на Бајден имаат за цел да го „комплицираат пристигнувањето во САД и да го ограничат бројот на баратели на азил кои можат да се обидат да влезат и да останет во земјата“.

Мигрантите кои пристигнуваат на границата се обработуваат според сегашната „Наредба 8“, американски дел од законот кој ја регулира имиграцијата. Тој закон им дозволува на мигрантите да бараат азил или други форми на помош во САД само доколку имаат легитимен доказ за страв од прогон во нивната матична земја.

Оние кои неовластено ќе ја преминат границата надвор од службените влезни места, ќе бидат приведени. Тие или ќе бидат брзо отстранети од САД или ќе поминат низ долга постапка за депортација надгледувана од судија за имиграција. Второто вообичаено се однесува на семејствата, додека возрасните самохрани родители генерално ќе поминат низ процес на брзо отстранување, освен ако не можат да воспостават веродостоен доказ за страв од враќање во нивната земја.

Сепак, според ограничувањата за азил на администрацијата на Бајден, мигрантите кои патуваат низ друга земја мора претходно да побарале и да биле одбиени за азил таму, за да можат да побараат азил во Соединетите држави, со некои исклучоци. Доколку мигрантите не го следат тоа правило, ќе бидат депортирани и ќе им биде забрането да се вратат најмалку пет години.