Македонското лоби на Капитол хил нарасна на 20 членови

Конгресменот Адам Смит

Конгресменот Адам Смит од Вашингтон најнов член.
Демократот Адам Смит, пратеник од сојузната држава Вашингтон, е најновиот член на Конгресната група на пријатели на Македонија, соопшти Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Со него, групата нарасна на 20 членови.

Смит е виш член на Комисијата на Претставничкиот дом за оружени сили, што е одговорна за финансирање и надзор на Одделот за одбрана и армијата на САД.

Смит во моментов служи деветти мандат на функцијата конгресмен.

ОМД наведува дека во сојузната држава Вашингтон постои се` побројна македонска заедница чии членови се интегрирани и вработени претежно во информатичката технологија, образованието и здравството.