Глас на Америка на македонски: Како ја оценувате актуелната безбедносна состојба на Западен Балкан, со оглед на актуелниот спор меѓу Србија и Косово?
Дритан Абазовиќ: И овој Преспа форум го искористивме за бројни билатерални средби. Имав состанок и со премиерот на Косово, Курти. Се надевам дека се оди кон деескалација на ситуацијата и само една порака е важна, а тоа дека дијалогот нема алтернатива. Како и да биде на крајот, мораме да седнеме на маса, односно страните ќе мора да седнат на маса и да најдат некое одржливо и конечно
Имав состанок и со премиерот на Косово, Курти. Се надевам дека се оди кон деескалација на ситуацијата и само една порака е важна, а тоа дека дијалогот нема алтернатива
решение. Насилството не е прифатливо во 21-от век и јас апелирам до сите да се воздржиме од тешки зборови и некои работи кои би можеле да нè вратат назад во процесот. Она што Црна Гора и Владата на Црна Гора го нуди, како пријателски чин, како земја која има добри односи и со Косово и со Србија, доколку тие сметаат дека ние, како земја која е пријателска, можеме да дадеме логистичка поддршка за заеднички состанок, кај нас, ние сме повеќе од расположени да го организираме, се разбира во соработка со ЕУ и САД.
Глас на Америка на македонски: Како ова отворено прашање помеѓу Србија и Косово во моментот се одразува на регионот?
Мислам дека е многу грдо да видиме сцени слични на оние од 1990-те години. Сè што ние сакаме и сè што треба да правиме како политички раководства е да понудиме некоја нова визија
Дритан Абазовиќ: Јас ги почитувам ставовите кои се слушнаа, некои велат дека ова не е само прашање помеѓу Косово и Србија, туку е прашање и на регионот. Ако е прашање на регионот, тогаш е прашање за сите нас, на сите шест држави. И во тој контекст мора сите да преземеме одговорност за тоа што се случува или не се случува. Мислам дека е многу грдо да видиме сцени слични на оние од 1990-те години. Сè што ние сакаме и сè што треба да правиме како политички раководства е да понудиме некоја нова визија, да го немаме тоа dejavu од она што беше порано, а што не беше пријатно, туку напротив, со една нова визија да им понудиме на граѓаните повеќе европски дух и желба да се направат некои добри работи за регионот. Да одиме во 2030 година, а не во 1999 или во 2000.
Глас на Америка на македонски: Реални ли се најавите и очекувањата на македонскиот премиер дека до 2030-та година, регионот би можел да влезе во ЕУ?
Your browser doesn’t support HTML5
Дритан Абазовиќ: Го поддржувам таквиот став со тоа што мислам дека навистина Црна Гора е идеална држава да го оживее процесот на проширување. Ние веруваме дека во следниот мандат до 2027 година ќе можеме да ги завршиме сите наши обврски. Секако дека тоа е политичка одлука, дали тие ќе примаат некого или не. Но се` она што е до нас, веруваме дека ние можеме да го завршиме во периодот, можеби и пократко, од четири години. И ако постои држава која е идеална, која нема никакви проблеми со соседите, нема некоја голема економија, за да некој ја гледа како конкуренција, нема ниту голема популација, Црна Гора има 620.000 жители, мислам дека и ЕУ би требала конечно да направи еден потег. Нивната неодлучност, понекогаш е демотивирачка. за регионот. Се надевам дека работите ќе се променат наредниот период.