Што значи да се биде вистински Американец?

Третирањето на луѓето подеднакво е од суштинско значење за да се биде Американец, сметаат голем дел од возрасните Американци

Речиси една четвртина од Американците веруваат дека домородните христијани се „вистински Американци“. Но, огромен број од возрасните во САД велат дека третирањето на луѓето подеднакво и преземањето на лична одговорност за своите постапки се вистинскиот тест за „Американците“.

„Луѓето навистина сметаат дека идеалите имаат суштинско значење за некој да биде Американец, повеќе одошто такво значење имаат идентитетот или било каква друга заднина“, вели Калеб Елфенбеин, вонреден професор по историја и религиозни студии на колеџот Гринел, каде што е спроведено национално истражување [www.grinnell.edu/news/who-real-american-overwhelming-agreement-answer\] на оваа тема. „Деведесет проценти од испитаниците одговориле дека третирањето на луѓето подеднакво е од суштинско значење за да се биде Американец.“

Со националната анкета на колеџот Гринел, спроведена минатиот месец, во САД биле анкетирани 1.000 лица на возраст над 18 години.

24 отсто од испитаниците се изјасниле дека „вистинските Американци“ се родени во САД, 23 отсто ги идентификувале Јенките како луѓе кои живеат во САД најголем дел од животот, додека 23 отсто сметаат дека „вистинскиот Американец“ мора да биде христијанин. 44 проценти од испитаниците сметаат дека Американецот треба да зборува англиски јазик.

И покрај гласната јавна дебата за имиграцијата, анкетата открива дека Американците обично ја поддржуваат имиграцијата. Мнозинството од возрасните во САД веруваат дека имиграцијата треба да остане на сегашното ниво или да се зголеми.

Елфенбеин вели дека и покрај периодите на јавна хистерија околу имиграцијата во историјата на САД, луѓето ја гледаат имиграцијата како клучен дел од земјата.

Студијата сугерира дека и состојбите околу омразата се чини дека се нормализирани во споредба со минатото, особено кај возрасните лица на возраст под 35 години.

Американците, исто така, веруваат дека одредени етнички и верски групи се соочуваат со дискриминација. 56 проценти сметаат дека муслиманите се соочуваат со дискриминација, 52 проценти велат дека истото важи за Афроамериканците и ЛГБТ луѓето.