Отворена и топла размена на мислење - вака американскиот претседател Џорџ Буш ја окарактеризира средбата што вчера попладне ја имаше со својот руски колега Владимир Путин во Братислава. Самитот донесе позитивни резултати пред се́ во однос на борбата против тероризмот.
„Се договоривме дека ниту Иран, ниту Северна Кореја не треба да имаат нуклеарно оружје“, рече Буш на прес-конференција.
Самитот донесе позитивни резултати во однос на борбата против тероризмот. Буш и Путин се договорија за заеднички договор во случај на терористички напад со оружје за масовно уништување. Според Путин, на зајакнувањето на соработката меѓу двете страни и нема друга алтернатива.
Оваа 11-та средба на двајцата претседатели не се претвори во самит на незгодни прашања за тоа каде оди руската дипломатија. Буш пред новинарите изјави дека Путин докажал дека Русија чекори кон патот на демократска трансформација.
Со средбата со Путин американскиот претседател ја заврши својата четиридневна турнеја, прва од неговото преземање на претседателскиот мандат.