Шефот на Кабинетот, Санта Аргирова, за Гласот на Америка на македонски јазик вака ја сумираше средбата на министерката Митрева со генералниот секртар на ОН:
„Зборувајќи за демаркацијата на северната граница на делот кон Косово, Митрева потенцираше дека овој процес треба да заврши пред започнувањето на разговорите за финалниот статус на протекторатот. Соработката со УНМИК е на високо ниво и Македонија очекува мисијата на ОН да даде придонес за финализирање на овој процес. Анан и порача на Митрева дека и ОН имаат интерес за изнаоѓање начин за решавање на ова прашање. Генералниот секретар го поздрави интензивирањето на разговорите за разликите околу името во рамки на ОН.“