САД-Македонија-Грција
Македонскиот претседател Бранко Црвенсковски потврди дека Соединетите Американски Држави го информирале за плановите за официјално признавање на земјата под нејзиното уставно име – Република Македонија, одлука која наиде на остри протести во Грција.
Господинот Црвеновски развојот на настаните го оцени како голем ден за државата.
Претходно, грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливиатис на американскиот амбасадор во Атина му го врачил протестот поради ваквиот развој на настаните. САД досега официјално и се обраќаа на Република Македонија како поранешна југословенска република Македонија.
Спорот со Грција за уставното име на Македонија датира уште од 1991 година, откако Македонија стана независна.
Авганистан-Избори
Трите главни ривали на Хамид Карзаи на претседателските избори во Авганистан го признаа поразот.
Јунус Кануни, Мохамед Мохадек и Абдул Рашид Достан соопштија дека ќе ги прифатат резултатите од изборите на 9-ти октомври.
Денеска Карзаи ја поздрави победата на претседателот Буш на изборите во САД и изрази надеж дека со тоа ќе се зацврсти партнерството меѓу двете земји во борбата против тероризмот.