На Африка и требаат 140 години за да ја преполови сиромаштијата  - 2004-06-15

Висок претставник на ОН вели дека со сегашната стапка на развој на Африка и требаат 140 години за да ја преполови сиромаштијата.

Раководителот на Програмата за развој на ОН, Марк Малох-Браун повикува 2005 година да стане клучна година за целите на Милениумскиот развој на ОН, со кои се бара намалување на стапката на сиромаштија на половина и обезбедување на основно образование за сите деца до 2015 година.

Господин Малох-Браун вели дека очекувањата за Африка се особено лоши. Сегашните трендови, вели тој, индицираат дека Африка нема да ја исполни целта до 2147 година.

„Доколку можеме да достигнеме 7 до 8 проценти растеж годишно во Африка во следната деценија и ако можеме да го подигнеме нивото на јавни инвестиции што ги бараме за здравство и образование, за основна инфраструктура и други проблеми, колку што изнесува дел од годишните трошоци за војната во Ирак, тогаш би можеле да ја приближиме 2147 до 2015 година“, вели тој.

Само за споредба, шефот на програмата кажа дека Источна Азија е многу понапред во однос на целите на Милениумнскиот развој. Тој вели дека Индија брзо напредува во намалувањето на сиромаштијата, така што е многу веројатно да ја постигне целта на време.

„Во Азија каде штои растежот е комбиниран со вистинско фокусирање на борба против сиромаштијата и на решавање на проблемите на нееднаквост, резултатите се многу поголеми отколку во земјите каде што се обидувате тоа да го сторите само преку растежот“, додава тој.

Како дел од планот за напредок на целите за развој, господинот Малох-Браун повикува на удвојување на Меѓународната помош за развој на странски држави од сегашните 54 милијарди доалри годишно на повеќе од 100 милијарди долари.