Претседателот Буш кажа дека Израел има секакво право на самоодбрана од терористички напади, но притоа јасно стави на знаење дека моменталната ситуација во Газа е загрижувачка.
“Продолжителното насилство во Газа е вознемирувачко и ја истакнува потребата сите инволвирани страни да приграбат секаква можност за воспоставување мир“.
Ова г-динот Буш го кажа за време на обраќањето пред американско-израелската Комисија за јавни прашања, приватна организација која се залага за цврсти врски на САД со Израел. Г-динот Буш истакна дека сите во регионот мора да се спротистават на тероризмот, потенцирајќи дека безбедноста е основа за мир.
“Нашата визија е Блиски Исток каде младите Израелци и Палестинци ќе можат да играат, да се образуваат и да растат без да живеат во сенката на смртта“, кажа господинот Буш.
Американскиот претседател кажа и дека мирот е возможен доколку сите страни имаат верба, храброст и решеност да го постигнат тој мир.