Ставовите на претседателот Буш за Иран и нуклеарното оружје - 2004-04-27

Претседателот Џорџ В. Буш вели дека светот треба да пренесе силна порака до Иран во врска со нуклеарното оружје:

"Иранците треба да го почувствуваат притисокот од светот дека секоја програма за нуклеарно оружје ќе биде едногласно осудена. Од пресудно значење е тие да ја чујат таа пoрака. Би било нетолерантно за мирот и стабилноста на Блискиот Исток доколку тие стекнат нуклеарно оружје, особено што тие се произнесоа дека цел им е да се уништи Израел",рече тој .

Триесет и петчлениот одбор на гувернери на Меѓународната агенција за нуклеарно оружје го осуди Иран бидејќи не ја информира Агенцијата за клучните делови на својата нуклеарна програма што можат да се употребат за создавање нуклеарно оружје. Во текот на минатата, година генералниот директор на Агенцијата Мохамед Ел Барадеј го документираше однесувањето на Иран, кој, како и досега, сокриваше и одлагаше четири извештаи. Господинот Буш вели дека „Британија, Франција и Германија „реагирале во интерес на цивилизираниот свет и отворено му се обратиле“ на Иран:

"Една од моите задачи е да обезбедам тие да зборуваат колку што е можно поотворено со Иранците и апсолутно јасно да покажат дека развојот на нуклеарно оружје од страна на Иран неме да се толерира, или, во спротивно, против нив ќе бидат преземени мерки, почнувајќи во ОН“.

Во Иран, вистинската политичка моќ не се наоѓа во рацете на претседателот Мохамад Катами, туку кај иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи. Претседателот Буш вели дека ваквата политичка структура води кон тешкотии:

"Тоа е група со која е многу тешко да се преговара. Тие имаат на располагање класична преговарачка стратегија на двајца лидери. Тие имаат лице што седи на врвот, Каменеи, кој најверојатно ги донесува одлуките по најголем број прашања, а светот сепак оди кај Катами. Така, вие никогаш не сте сигурни дали пораката се пренесува целосно или не", рече американскиот претседател.

Претседателот Буш вели дека запирањето на ширењето на оружјето за масовно уништување е дел од војната против тероризмот. "Војната против теророт бара од луѓето да повикаат на одговорност, подобро порано отколку предоцна," вели тој. "Америка е дел од бојното поле и ние мора да се справиме со заканата пред да биде предоцна".