Состанок во Белата куќа за состојбата во Ирак - 2004-04-07

Преку видео линк, во дискусијата за ситуацијата во Ирак беа вклучени и американскиот воен командант Џон Абизаид и цивилниот администратор во Ирак Пол Бремер. Претставници на Белата куќа велат дека претседателот бил брифиран за американските воени операции во Фалуџа. Г-динот Буш телефонски разговарал со британскиот премиер Тони Блер при што било дискутирано за состојбата во Ирак. Британските претставници велат дека г-динот Блер наредниот четврток во Њујорк ќе оствари средба со генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, а во петок во Вашингтон со претседателот Буш. И Вашингтон и Лондон негираат дека денешната средба со тимот советници за национална безбедност треба да се оквалификува како кризен состанок. Жестоките борби со милитантите лојални на шиитскиот свештеник покренаа нови прашања за плановите за предавањето на власта во Ирак за неполни 90 дена.