Американскиот Претставнички дом вчера усвои Резолуција по повод неочекуваната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски - 2004-03-03

Во Резолуцијата 540 што беше предложена до Комисијата за надворешни односи на Претставничкиот дом, се оддава признание на лидерството на македонскиот претседател Борис Трајковски, особено за време на кризата во 2001 година, но и потоа. Исто така се наведува дека претседателот Трајковски се залагал за она што било правилно и морално, дури и кога за тоа се соочувал со противење во Македонија. Претседавачот на Поткомисијата за Европа, Даглас Биројтер пред да предложи усвојување на Резолуцијата кажа

„Историски, претседателот Борис Трајковски ќе биде запаметен по тоа што ја спаси својата земја од граѓанска војна. Со оваа резолуција се признава овој факт и неговото лидерство, како и неговото значење за земјата. Оваа резолуција е потврда дека американскиот Претставнички дом ги поддржува реформите што ги имплементирашепретседатеслот Трајковски и напредокот што го постигнаа сите Македонци. Се надеваме дека макеоднската Влада и македонскиот народ ќе продолжат да го следат неговиот пример и ќе го продолжат неговиот пат на реформи, напредок, мир и демократија“, вели господинот Биројтер.

Конгресменот Роберт Векслер од Демократската партија исто така му оддаде признание на македонскиот претседател Трајковски и рече дека сега на Македонија и е потребна помош од САД.

„САД изгубија вистински пријател и партнер на Балканот. Под неговото неизбришливо лидерство, Македонија застана зад САД во војната против теророт и обновата на Ирак. Сега САД се на ред да застанат зад македонскиот народ во овие тешки времиња и да ветат пријателство и поддршка за да ја издржат оваа голема загуба и да закажат нови избори“, истакнува Векслер.

Во Резолуцијата, што вчера ја усвои Претставничкиот дом на САД се изразува и надеж за непречен и мирен трансфер на власта во Македонија.