Џон Кери останува фаворит - 2004-02-04

Г-динот Кери извојува убедливи победи, од државата Делавер на исток до Аризона на запад.

Овој успех го зајакнува неговиот статус на фаворит за претседателската номинација од Демократската партија – кандидат што ќе му се спротистави на претседателот Буш на директните избори во ноември. Сенаторот Кери смета дека е време за промена на функцијата претседате:„Џорџ Буш кој зборува за сила, ја направи Америка послаба, економски послаба, послаба во образованието и во здравственото осигурување.“

Сенаторот од Северна Каролина, Џон Едвардс, победи на партиските избори во Јужна Каролина, а пензионираниот генерал Весли Кларк извојува тесна победа во Оклахома. По објавувањето на резултатите од изборите, од трката за Белата куќа се повлече сенаторот од Конектикат Џозеф Либерман.

Раководителот на Демократската национална комисија Тери МекАлиф, вели дека партиските избори придонесуваат за возбудата меѓу членовите на партијата, кои сакаат претседателот Буш да биде заменет од Демократ во белата куќа:„Во тек е одлична изборна сезона, но највозбудливото нешто е рекордниот одзив во сите овие држави каде се одржуваат изборите. Во Оклахома на гласање излегоа трипати повеќе Демократи од кога и да е порано во историјата на оваа федерална држава, истото се случи во Јужна Каролина, во Ајова и во Њу Хемпшир. Владее возбуда околу поразувањето на Џорџ Буш. Може да се почуствува. Луѓето излегуваат на изборите во рекорден број.“

Во сабота и во недела ќе се одржи следната рунда партиски избори во државите Мичиген, Вашингтон и Мејн.

Претседателскиот кандидат од редовите на Демократската партија може да биде познат уште на 2-ри март, кога во државите со најголем број на делегати за Демократската конвенција, вклучувајќи ги Њујорк и Калифорнија ќе се одржат прелиминарни избори. Делегатите на крајот ќе го изберат претседателскиот кандидат на Демократската национална конвенција во јули.

Меѓу останатите канддиати за претседателска номинација се поранешниот фаворит Хауард Дин, активистот за граѓански права Ал Шарптон и конгресменот од Охајо, Денис Кучинич.