Дебата на Демократите во Јужна Каролина - 2004-01-30

Џон Кери, Џозеф Либерман, Ал Шарптон, Денис Кучинич, Весли Кларк, Џон Едвардс и Хауард Дин беа едногласни дека владата на претседателот Буш ги изневерила очекувањата на американската јавност во однос на прашањата од надворешната и домашната политика.

Сите, освен сенаторот Џозеф Либерман, остро ги критикуваа политиките на претседателот Буш во однос на Ирак и меѓународната трговија. Сенаторот од Масачусетс, Џон Кери, кој во моментов предводи во трката за претседателска номинација, порача дека доколку биде избран, одново ќе ги изгради, цитираме, „раскинатите сојузништва на Америка“:

„Ќе го обновам нашето сојузништво. Одново ќе се приклучиме на заедницата на држави во светот, и ќе го обезбедам потребниот вид на соработка“, кажа господинот Кери.

Најголем дел од дебатата беше фокусиран на затворањето на работните места како резултат на странската конкуренција и високите трошоци за здравствена заштита.

Според најновите анкети, сенаторот од Масачусетс Џон Кери и неговиот колега од Северна Каролина, Џон Едвардс, се во тесна трка за првото место, додека активистиот за човекови права Ал Шарптон, далеку заостанува зад нив на третото место.