САД: Трговски санкции против Микросам и Благоја Самакоски  - 2003-12-24

САД воведоа трговски рестрикции за македонската фирма Микросам и македонскиот бизнисмен Благоја Самакоски.

Мерките против г-динот Самакоски и фирмата Микросам предвидуваат двегодишна забрана за договори со американската влада и наредба за забрана за издавање на извозни лиценци во овој период. Ова е објавено во американскиот Федерален регистер на 24-ти декември, при што се наведува дека Самаковски и неговата фирма биле вмешани во трговија со ракетна технологија, што е забрането со американските закони. Исто така се наведува дека е прекршена извршната наредба што била издадена уште од поранешниот американски претседател Бил Клинтон, со која се воведуваат санкции против лица и фирми вмешани во трговија со оружје за масовно уништување и средства за употреба на таквото оружје. Во документот не е наведено со какви точно проектили се тргувало ниту пак се споменати земјите вмешани во трговијата.