Ирак
Една багдадска деловна и станбена зграда на најголемата шиитска муслиманска политичка група се урнала при што загинало едно лице, а најмалку седуммина се повредени.
Постојат спротивставени извештаи за тоа што е причина за денешниот инидент во објектот што го користел Врховниот совет на Исламската револуција во Ирак. Советот соопшти дека станува збор за бомбашки напад, но американската армија вели дека ирачката полиција е уверена оти се работи за несреќен случај. Инцидентот се случува два дена по убиството на висок претставник на Советот. Денеска, американскиот администратор во Ирак Пол Бремер потврди дека неговиот конвој во Багдад бил нападнат на 6 декември. Г-динот Бремер не беше повреден.
Буш – Тероризам
Белата куќа ги отфрли вчерашните судски одлуки со кои се ограничува надлежноста на администрацијата во притворањето на осомничени терористи.
Портпаролот на Белата куќа денеска изјави дека американските судови немаат надлежност да за лица кои не се државјани на САД, кои се држат во притвор во странство. Тој зборуваше за одлуката на федералниот суд дека затворениците во американската база во заливот Гвантанамо, не можат да се држат бесконечно, без да им се овозможи контакт со адвокат или приспат до американските судови. Вчера, портпаролот, одлуката на друг суд дека владата нема право да притвора Американци на американска почва како непријателски борци, ја опиша како погрешна.
Индија – Пакистан
Индија и Пакистан се согласија следниот месец да го обноват железничкиот транспорт што е најнов чекор во правец на постигнување мир меѓу долгогодишните ривали. Индиски официјални лица денеска кажаа дека сообраќајот меѓу Армитсар и пакистанскиот град Лахоре ќе продолжи на 15 јануари, според ценовник што наскоро ќе биде објавен. Железничкиот сообраќај започна во 1976 година и беше суспендиран по нападот на индискиот парламент пред две години за што Њу Делхи ги обвини про пакистанските милитанти. Исламабад ги отфрли обвиненијата. Вчера, пакистанскиот претседател Первез Мушараф изјави дека неговата земја е подготвена да се откаже од долгогодишното барање за имплементација на со децении старата резолуција на ОН за одржување референдум во поделениот Кашимир.
Турција – Апсење
Турски официјални лица велат дека фатиле лице осомничено дека имало улога во самоубиствените бомбашки напади во Истанбул минатиот месец, извршени по директна наредба од лидерот на терористичката мрежа Ал Каида, Осама бин Ладен.
Властите во истанбул велат дека човекот бил испрашуван од моментот кога бил приведен во понеделникот кога долетал во земјата. Тие не го идентификуваа лицет, за кое се верува дека е врска меѓу самоубиствените бомбаши и, како што вели полицијата, меѓународната терористичка организација. Четворица самоубиствени бомбаши ги извеле нападите против еврејски и британски цели во Истанбул, во кои се убиени 62 лица.
Израел – Палестинци
Палестинските лидери и некои еврејски доселеници го критикуваа планот на израелскиот премиер Ариел Шарон, според кој еврејската држава ќе биде отсечена од Палестинците доколку нема напредок во мировните разговори.
Палестинскиот премиер Ахмед Куреја вели дека е разочаран, како што рече – од израелските закани за унилатерална акција. Некои еврејски доселеници ги отфрлија разговорите за релоцирање на некои еврејски населби. Господинот Шарон во вчерашниот говор кажа дека Израел ќе имплементира унилатерални чекори во следните месеци. Во Вашингтон, еден американски претставник кажа дека говорот може да го прекине застојот во мировниот процес. Но Белата Куќа го поттикна Израел да избегнува потези кои не се вклучени во мапата кон мирот.
НАТО-Авганистан
Амбасадорите на НАТО и формално го одобрија проширувањето на операциите надвор од Кабул во мировната мисија во Авганистан.
Во соопштението на Алијансата, што денеска беше објавено во Брисел, се вели дека амбасадорите на 19-те земји го одобриле проширувањето на мисијата и во тоа се вклучени германските трупи кои се веќе стационирани во северниот авганистански град Кундуз. Во соопштението се вели дека оваа одлука е прв чекор во натамошните напори за зголемување на присуството на Алијансата во градовите во провинциите. ОН и авганистанската влада апелираа до НАТО да го зголеми своето присуство за подобрување на безбедноста во земјата. Талебанските борци повторно се појавија изминатите месеци и ги напаѓаат хуманитарните работници и поддржувачите на новата влада.
Ханука
Еврејскиот празник Ханука започнува денеска по залезот на сонцето.
На осумденвниот еврејски празник се прославува воената победа во 165 година п.н.е и како, според верските написи, количеството масло за еден ден, што горело осум дена. Со обичајот на палење свеќи во менора се оддава почит на ова чудо. Иако не е еден од главните еврејски празници, во САД Ханука многу се прославува затоа што речиси се совпаѓа со божиќните празници. Годинава Ханука имаше и политичко значење. Во Багдад, во палатата на Садам Хусеин беше запалена менора направена од ирачки Евреин во егзил.