Според Кина мултипартитните разговори за ставање крај на нуклеарната криза на Северна Кореја можно е се одржат во декември - 2003-11-11

Денешното соопштение на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Џианчао, влеа нови надежи дека наскоро ќе има втора рунда разговори за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Г-динот Џианчао вели дека доколку сите страни вложат активни напори кои би оделе според планот и доколку разликите меѓу страните успешно би се надминале, постои надеж дека следната рунда на шестпартитните разговори да се одржи пред крајот на годинава.

Кина, како единствен сојузник на Северна Кореја, презема водечка улога во посредувањето на преговорите. Шесте земји се сретнаа во Пекинг во август но постигнаа согласност само дека треба да има продолжение на тие преговори.

Кинеските претставници неуморно работат на договарање втора рунда разговори за Северот, на кои повторно ќе учествуваат официјални лица од Кина, Јапонија, Северна и Јужна Кореја, Русија и САД.

Американскиот заменикот-државен секретар одговорен за азиски прашања, Џејмс Кели вчера изјави дека има добри шанси разговорите да се одржат во декември.

Кризата ескалираше пред повеќе од една година, кога САД рекоа дека Северна Кореја признала оти ја реактивира својата нуклаерна програма, што претставува прекршување на Договорот за неширење на нукларното оружје.

САД од Северот бараат итно да се откаже од своите нуклерни амбиции и тоа на веродостоен начин, додека Пјонгјанг одбива да го стори тоа, се додека САД не потпишат договор за ненапаѓање.

Минатиот месец, претседателот Буш понуди на Северна Кореја да и обезбеди писмена мултинационална безбедносна гаранција, доколку земјата се откаже од својата нуклеарна програма.