Претседателот на Светската банка задоволен од донаторската конференција за Ира - 2003-10-30

Господинот Волфенсон ги отфрли извештаите дека донаторската конференција не била успешна затоа што биле ветени само 33 милијарди долари, наместо 56 милијарди колку што првично се надеваше Светската банка. Од 33-те милјарди долари, САД ветија 20 милијарди, додека останатите осум милијарди долари ќе дојдат од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

„Она што треба да ви го кажам од сопствено искуство, без да бидам пристрасен, е дека да се има 33 милијарди долари на почетокот на период од пет години навестува одличен старт“, истакна првиот човек на Банката.

Господинот Волфенсон, кој учествуваше на средбата во Мадрид кажа дека не е изненадувачки што Франција, Германија и Русија, кои беа против војната во Ирак, не ветија помош.

„Не можете да очекувате дека земјите со кои жестоко се боревме во ОН за водење на работите, дека ќе истапат и ќе ги отворат своите чековни книшки додека нивниот министер за надворешни работи или претседателот дејствува против американската администрација“, рече тој.

Господинот Волфенсон верува дека Германија, Франција и Русија ќе се заложат за финансиска помош кога ќе се стабилизира безбедносната ситуација, кога ќе биде напишан уставот и кога ќе биде во тек трансферот на власта на ирачкиот народ.

„Тоа треба да бидат активности на Ирачаните. Ако не се, тогаш под А, нема да успее, под Б, би било погрешно. И би кажал дека она што најмногу ме импресионираше беше квалитетот на ирачките претставници во Мадрид кои изгледаа дека многу јасно знаат што сакаат да сторат“, вели Волфенсон.

Тој кажа и дека прашањето за финанисирањето на Ирак не може да се одвои од постоечкиот долг кон странство од 125 милијарди долари. Администрацијата на Буш врши притисок овој долг да биде простен.