Нападната зградата на Црвениот Крст - 2003-10-27

Се започна во 8 часот и 30 минути наутро по локално време, кога силна експлозија на бомба, што можеше да се чуе на оддалеченост од неколку километри, ја потресе зградата на Црвениот Крст во Багдад. Според американски воени претставници, напаѓачот удрил со амбулантно возило полно со експлозив во заштитна ограда во близина на зградата на Црвениот Крст, каде поголемиот дел од вработените се Ирачани.

Повеќето околни улици беа преполни со повредени и преплашени граѓани, а скршеното стакло од прозорци беше распослано насекаде.

Потоа се случија четири последователни експлозии пред полициски станици во Багдад. Според ирачкиот заменик-министерот за внатрешни работи Ахмед Ибрахим, вкупниот број на загинати е 34, а повредени се 224 лица. Експлозиите се случија на првиот ден од светиот муслимански празник Рамазан.