Иран се согласи на  отстапки во нуклеарната програма - 2003-10-21

Иранскиот министер за надворешни работи Камал Карази на неговите колеги кои се во посета на Техеран им кажа дека неговата земја е подготвена да вети целосна транспарентност, бидејќи нема што да крие.

Како што кажа г-динот Карази, „ние не спроведуваме нелегитимна нуклеарна програма“. Но тој исто така инсистираше дека мора да се почитуваат правата на Иран.

Клучните барања на министрите за надворешни работи на Германија, Британија и Франција беа Иран да запре со збогатувањето на ураниумот и да дозволи построги инспекции од страна на ОН.

По првичните разговори, британскиот секретар за надворешни работи Џек Строу рече дека европските министри ги почитуваат, како што посочи, правата на секоја суверена земја да има цивилна нуклеарна програма, но во исто време да не биде вклучена во каква и да е активност за ширење на оружје.

Г-динот Строу и неговите колеги, Јошка Фишер и Доминик Де Вилепен во Техеран пристигнаа доцна синоќа на разговори со иранските претставници за рокот што го постави Меѓународната агенција за атомска енергија -31 октомври, до кога Иран треба да докаже дека програмата за атомска енергија не ја користи како покритие за развивање на нуклеарно оружје.

Трите европски сили предложиле соработка со Иран во однос на нуклеарната технологија, за возврат на проширени инспекции од Меѓународната агенција на иранските нуклеарни објекти.

Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е само за производство на електрична еенргија, но САД го обвинува за тајно развивање на нуклеарно оружје.

Засега не е познато дали САД ги поддржуваат предлозите на овие три европски земји.

Г-динот Карази, првата рунда дискусии ја опиша како позитивна и рече дека четирите земји работата на заедничка декларација.

Европските министри исто ткаа треба да се сретнат со шефот на Иранскиот врховен совет за национална безбедност Хасан Рохани и со иранскиот претседател Мохамед Катами.