Најнови вести 7-29 - 2003-07-29

Ирак

Американската армија вели дека уапсила еден од најблиските и најлојалните телохранители на Садам Хусеин.

Армискиот портпарол вели дека лицето, идентификувано како Аднан Абдула Абид Ал-Муслит било уапсено денеска за време на рацијата во родниот град на Хусеин, Тикрит. Портпаролот уште вели дека трупите одзеле и документи кои би помогнале во мошне интензивната американска потрага по поранешниот ирачки лидер. Вчера, американскиот заменик-државен секретар, Ричард Армитаџ рече дека трупите биле на само неколку часа зад Садам Хусеин. Господинот Армитаџ истакна и дека би било пожелно Садам да биде уапсен жив, но како што кажа, во случај да претаставува закана по американските војници, треба да биде убиен.

Саудиска Арабија - САД

Претседателот Буш денеска во Белата куќа ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија при што ќе се дискутира за загриженоста на Ријад за конгресниот извештај околу терористичките напади врз САД во 2001-та.

Американски претставници велат дека средбата ја побарал саудискиот министер, Принцот Сауд Ал-Фаисал. Тој се очекува да побара од претседателот Буш да ги обелодени деловите од извештајот за кои медиумите велат дека содржат можна поврзаност меѓу поединци од саудиската влада и некои од грабнувачите на авионите на 11-ти септември. Саудискиот амбасадор во САД, принцот Бандар бин Султан ги порекна обвиненијата, но рече дека неговата влада не може да одговори на извештаите, се додека не биде објавен целиот документ.

САД – Тероризам

Американски официјални лица велат дека добиле информација оти терористите во наредните месеци можно е да планираат нови самоубиствени напади, слични на оние од 11-ти септември.

Одделот за домашна безбедност вели дека освен информацијата дека нападите може да се случат во САД или во странство, не поседува деталји за датумите или за потенцијалните цели. Одделот вели дека нејасната информација произлегува од неодамнешните интервјуа со најмалку еден затвореник–припадник на Ал-Каида, кои потоа биле потврдени со други значења. Претставниците и натаму ја разгледуваат информацијата, а преземени се и мерки на предострожност, преку известување на агенциите за спроведување на законот, обезбедувањето и вработените во авиокомпаниите.

Израел – Палестинци

Претседателот Буш денеска во Белата куќа треба да има кратка средба со израелскиот премиер Ариел Шарон при што ќе се разговара за начините за постигнување напредок во блискоисточниот мировен процес.

Официјалните лица велат дека очекуваат г-динот Шарон да ги изложи чекорите преземени од страна на Израел за напредок на мировниот палн. Израел планира да ослободи околу 500 палестински затвореници, чекор за кој Белата куќа вели дека ќе ги ги подобри израелско-палестинските односи. Двајцата лидери се очекува да разговараат и за израелската изградба на безбедносна ограда меѓу Израел и Западниот брег. Претседателот Буш и палестинските претставници ја критикуваа оваа акција.

Либерија

Владата на Либерија вели дека нејзините сили извеле против-напад против бунтовниците кои вчера ја презедоа контролата врз вториот град по големина, Бјуканан.

Градот кој го зазеде помала бунтовничка група, беше последниот пристанишен град под владина контрола. Борбите денеска продолжуваат во главниот град Монровија, меѓу главната бунтовничка група во Либерија и силите лојални на претседателот Чарлс Тејлор. Хуматитарната состојба и во Монровија и во Бјуканан се влошува со стотици загинати и десетици илјади раселени лица. Околу 1.300 западноафрикански мировни трупи чекаат да бидат испратени во Либерија, но се уште не е одреден точен датум на нивното распоредување.

Северна Кореја

Американскиот државен подсекретар Џон Болтон се наоѓа во Јужна Кореја на разговори за нуклаерните амбиции на Северна Кореја.

Г-динот Болтон ќе се сретне со јужнокорејскиот министер за надворешни работи, Јон Јанг Кван и други високи претставници на оваа земја при што ќе се разговара за начините на кои Северна Кореја би се убедила да се откаже од својата нуклеарна програма. Г-динот Болтон во Јужна Кореја пристигна денеска од Пекинг, каде дискутираше за можноста за убедување на Пјонгјанг да учествува во меѓународните разговори. За време на вчерашната прес-конференција, тој изјави дека Кина има економски опции што може да ги употреби за обновување на разговорите со Северот, дури и доколу сторила се што можела да стори по дипломатски пат.