Американците го слават 227-от роденден на САД - 2003-07-04

PROF. LICHTMAN 4-ти јули отсекогаш го обединувал американскиот народ околу знамето, државата и секако за она за што оваа земја се залага - демократија, слобода, основни човечки слободи. Секако дека нашиот опстанок и нашите вредности беа изложени на фундаментален предизвик со нападите од 11-ти септември, така што на овој 4-ти јули мислам дека гледаме посебен излив на патриотизам. Тука е и фактот што илјадници Американци се уште се наоѓаат во опасност во Ирак. Американците се уште гинат во Ирак, ирачкиот народ се уште гине, иако главните борби се завршени.

MR. BORGIDA Дали добивате чувство дека Америкаците ова го разбираат, земајќи ја предвид нашата тенденција понекогаш да го игнорираме значењето на големите празници, како на пример, Денот во спомен на загинатите американски борци и други поголеми празници во САД. Американците како да имаат тенденција да уживаат во удобностите на семејните рутини за време на празниците, а да не мислат многу за нивното значење.

PROF. LICHTMAN Лесно е да се навикнете на секојдневието, а тоа и се очекува од луѓето. Навистина треба да доживеете голем потрес, за да започнете да размислувате за тоа колку се скапоцени нашите слободи и традиции. Сметам дека настаните од изминативе две години продонесоа Америкаците навистина да мислат за тоа што имаме заедничко во земјава, што е толку посебно во врска со американското искуство.

MR. BORGIDA По 11-ти септември, многу се пишуваше за фактот што многумина Америкаци го бараа своето спокојство во религијата, семејството, во читањето книги, дека имаше потреба многумина Американци да разберат како терористите можеа да не нападнат, на начинот на кој го сторија тоа. Тоа поттикна преиспитување на ставовите кај многумина. Мислите ли дека тоа се уште се случува?

PROF. LICHTMAN Да, се случува но не на ист драматичен начин. Културите и опшествата не се менуваат фундаментално преку ноќ, тој процес треба навистина да се остави самиот да проработи, за да остане да се види дали септемвриските настани навистина ја променија свеста кај Америкаците или пак тие ќе западнат во удобностите на секојдневието. Имаме уште многу време пред да го сфатиме значењето на овој нов свет по 11-ти септември во оваа земја.

MR. BORGIDA Да се вратиме во минатото за момент. 4-ти јули значеше многу во САД за време на периодите на конфликт, во времето на Првата и Втората светска војна, виетнамскиот конфликт и слично. Дали е тоа така и денес?

PROF. LICHTMAN Мислам дека современиот свет стана многу покомплициран. За време на Втората светска војна, Американците беа речиси универзално обединети зад заедничката цел и против јасниот непријател. Ситуацијата стана покомлицирана за време на Корејската војна при што не беше јасно кој беше нашиот вистински непријател. Дали тоа беа Севернокорејците, дали беа комунистите во Кина, комунистите во Русија? И секако, сето ова стана мошне комплицирано за време на Виетнамската војна, еденствената поголема војна што САД ја загубија и при која на некој начин го загубивме чувството кои беа нашите вистински цели.

На многу начини, новата војна против тероризмот го изложува поголемиот дел од комплексноста на модерната и постмодерната ера. Не постои јасен непријател, не постои некоја конкретна земја која се заканува на нашиот опстанок. Се работи за постојано менлив, измамлив непријател. Дали навистина постојат неколку изолирани терористи, или пак има големи светски погледи, религии и начини на живот кои навистина се во конфликт?

Тоа се гледиштата на професорот Ален Лихтман од Американскиот Универзитет во Вашингтон за контекстот во кој годинава се слави американскиот празник на независноста 4 јули, дадени во интервју за Гласот на Америка.