Најнови вести 6-19 - 2003-06-19

Самит на ЕУ во Солун

Денска во Грција започна Самитот на ЕУ, на кој меѓу другото се очекува да се разговара за прошурувањето на Унијата, за Блискиот Исток и за нелегаланата имиграција.

Дводневниот самит се одржува во туристичкиот комплекс Порто Карас, во близина на Солун. На средбата ќе учествуваат и лидерите од 10 европски земји кои ќе се приклучат кон европското семејство во мај, наредната година. Грција распореди 15.000 полицајци и војници околу овој град, како и бродови со противракетен одбрамбен систем земја-воздух за да се спречи можното насилство. В сабота лидерите на ЕУ ќе се сретнат со своите колеги од балканските земји.

Израел - Палестинци

Израелските војници започнаа растурање на еврејска населба на Западниот Брег, и покрај протестите од тамошните доселеници.

Нередите започнаа денеска кога израелските војници и полиција започнаа со разградувањето на привремените објекти што ја сочинуваат оваа мала населба во близина на палестинскиот град Наблус. Акцијата е прв обид да се растури населена населба на Западниот брег, што е во согласност со таканаречената „Мапа кон мирот“ на Блискиот исток. Во меѓувреме, палестинската милитантна група Исламски Џихад ја презеде одговорноста за деншниот самоубиствен бомбашки напад во кој загина и еден Израелец.

Ирак

Во третиот напад врз американските сили во последните 24 часа, трупите се нападнати јужно од Багдад, при што еден војник загина, а двајца се повредени.

Инцидентот се случи денеска кога граната погодила американска воена амбуланта, и предизвикала пожар во возилото. Вчера била погодена канцеларија на коалицијата во ирачкиот град Самара, северно од Багдад, при што загинал еден Ирачанец, а повредени се 12 други. При овој напад, за кој се води истрага, не е повреден ниту еден американски војник. Во меѓувреме, висок ирачки претставник за нафта кажа дека земјата ќе продолжи со извезувањето на нафта во недела, по тримесечен прекин.

Иран - Нуклеарна програма

Меѓународната агенција за атомска енергија го повикува Иран да дозволи продолжителни инспекции и мониторинг на своите нуклеарни објекти, воочи американските обвинувања дека оваа земја тајно произведува нукларно оружје.

Во денеска издаденото соопштение, Агенцијата го повикува Иран на нејзините инспектори да им дозволи неограничен пристап потребен за да се намалат сомневањата оти Техеран работи врз тајна нуклаерна програма, обвинение кое Иран го порекнува. Соопштението доаѓа еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија расправаше по извештајот велејќи дека Иран одбива да ја обелодени информацијата за увозот, процесирањето и складирањето на нуклеарните материјали и покрај ветувањето дека ќе го стори тоа.

Северна Кореја

Северна Кореја ја обвини влијателната азиска безбедносна група за попуштање под притисокот на САД да се мешаат во внатрешните работи на оваа земја.

Соопштението на Северна Кореја, беше издадено денеска во Пном Пен, по Регионалниот форум на 23-членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија. На состанокот групата го повика Пјонгјанг да ја преиспита својата одлука да се повлече од глобалниот договор подготвен со цел да се спречи ширењето на нуклеарното оружје. Меѓу другите, на форумот се обрати и американскиот државен секретар, Колин Пауел кој ја повика Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма. Како одговор, севернокорејската делегација рече дека резолуцијата за нуклeарното прашање, во целост зависи од американското напуштање на, како што ја нарекува Пјонгјанг, непријателската политика спрема Северот.

САРС

Стручњак од Светската здравствена организација вели дека ќе биде потребна барем една година да се пронајде вакцина против вирусот на САРС.

Мари-Пол Кини, раководителот на иницијативата за истражувања за оваа вакцина, денеска кажа дека многу малку се знае за вирусот и тоа го отежнува истражувањето, но во исто време и го прави поитно. Госпоѓа Кини на конференција во Сингапур посветена на САРС кажа дека владите мора повеќе да инвестираат во истражувањата за оваа вакцина пред да се појави нова епидемија на болеста. Во Хонг Конг властите велат дека можно е до недела територијата да биде прогласена за ослободена од САРС. Светската здравствена организација вели дека Хонг Конг ќе биде симнат од листата на зафатени области со болеста доколку не се појави нов случај во период од 20 последователни дена.