Буш ќе објави крај на главните борби во Ирак - 2003-04-30

Портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер, вели дека ова нема да биде победнички говор, бидејќи, како што кажа, во Ирак се уште постојат остатоци што претставуваат опасност и американските сили и натаму ќе возвраќаат на евентуални напади.

Господинот Флејшер кажа дека претседателската објава оти главните борбени операции се завршени нема да биде, цитираме, формален и конечен крај на борбите. Претседателот реши да одржи говоро поради тоа што беа изведени успешни операции, постигнати значајни резултати во извршувањето на мисијата и бидејќи сака да им објасни на Американците, кои ги ризикуваа животите и благодетите поради нашите цели во Ирак, какви се сегашните резултати.

Белата куќа од телевизиските мрежи побара говорот на претседателот од носачот на авиони Ју-Ес-Ес Абрахам Линколн, што по девет месеци се враќа во САД, да го пренесуваат во живо. Дел од времето, овој носач беше вклучен во воените операции во Ирак.