Советот за безбедност на ОН разгледува начини за укинување на ембаргото кон Ирак - 2003-04-18

ОН повикаа на укинување на штетните економски санкции што ОН ги воведоа за Ирак по инвазијата на Багдад врз Кувајт во 1990 година. Но Русија се спротивставува, велејќи дека овие санкции специфично се поврзани со резолуциите на ОН со кои се бара разоружување на Ирак, а не соборување на режимот на Садам Хусеин. Русија вели дека инспекторите на ОН треба да одредат дека Ирак веќе не поседува оружје за масовно уништување.

Мексиканскиот амбасадор Адолфо Агулар Зинсер, кој во моментов претседава со Советот за безбедност, вели дека САД допрва треба формално да му презентираат предлог на Советот за безбедност за укинување на санкциите. Но тој кажа дека членките на Советот, кои се сериозно поделени во врска со војната во Ирак предводена од САД, веќе расправаат како да ги толкуваат критериумите за укинување на санкциите и притоа да постигнат единство на членството.

„Во Советот за безбедност се води интензивен дијалог меѓу членките за создавање услови под кои за резолуциите на Советот за безбедност во однос на Ирак ќе треба да се расправа и евентуално да се ревидираат, модифицираат или како ќе одлучи Советот. Овој дијалог е многу интензивен и се одвива токму сега“, рече тој.

Господинот Зинсер за идниот четврток ја закажа седницата на Советот за безбедност на која ќе се расправа за иднината на програмата на ОН нафта за храна и за инспекторите за разоружување. Главниот инспектор за оружје на ОН, Ханс Бликс ќе го брифира Советот. Господинот Зинсер вели дека Советот за безбедност исто така мора да почне да го разгледува проблемот со воените набљудувачи на ОН на кувајтско-ирачката граница и тешката задача за постигнување консензус за улогата на ОН во обновата на Ирак, што според него е во надлежност на ОН.