Господинот Строу за Британското радио кажа дека треба да се разговара со Сирија во врска со наводите дека оваа земја има недозволено оружје и дека пружа засолниште на поранешни ирачки официјални лица.
„Она што е важно е Сирија целосно да соработува по овие прашања кои беа покренати во врска со фактот дека некои бегалци од Ирак можеби пребегале во Сирија, но и за други прашања меѓу кои и за тоа дали навистина развива каков било вид на незаконска хемиска или биолошка програма“, рече г-динот Строу.
Секретарот за надворешни работи беше запрашан дали може да го потврди тврдењето на претседателот Буш дека Сирија наводно има хемиско оружје.
„Не, не сум сигурен, - би бил мојот одговор, и затоа има потреба од разговор со нив“, истакна тој.
Сирија негира дека крие незаконско оружје или пак дека засолнува поранешни ирачки претставници.