Ирак - воени операции - 2003-03-26

Нови експлозии се слушаат во Багдад, додека американските офицери известуваат за жестоки борби со ирачките сили околу јужниот град Наџаф.

Американската Централна команда кажа дека не може да го потврди ирачкиот извештај дека две американски проектила погодиле населен дел на Багдад, при што загинале 14 лица. Денешните борби во близина на градот Наџаф се концентрирани кај мостот на реката Еуфрат. Американските претставници велат дека ирачките сили нападнале делови на седмата дивизија на американкста армија со гранати со пропелери, кога тие стигнале на мостот. Во нападот наводно се уништени неколку американски тенкови и борбени возила Бредли. Но американски претставници велат дека во борбите на мостот и на други места кај Наџаф во последните 36 часа, се убиени неколку стотици ирачки војници.