Портпаролот на Министерството, Александар Јаковенко, тврдењата дека дипломатијата по ирачкото прашање е исцрпена, ги нарече неосновани. Тој исто така кажа дека, рускиот министер за надворешни работи, Игор Иванов треба да замине за Њујорк и да учествува на утрешниот состанок во Советот за безбедност на ОН, во врска со Ирак.
Како дополнение, руската Дума соопшти дека за неодредено време е одложено гласањето за ратификација на договорот со САД за нуклеарно оружје.
Заменик-шефот на парламентарната Комисија за меѓународни прашања, Сергеи Шишкариов изјави дека Думата одлучила да го одложи гласањето, заради наводниот притисокот без преседан врз Русија и другите кои се залагаат за мирно решение за Ирак. Тој рече дека ратификацијата на договорот ќе зависи од тоа колку сериозно САД ги земаат предвид руските ставови во однос на Ирак.
Американскиот Сенат едногласно до одобри овој договор пред повеќе од една недела.