Десетте земји од Вилнус групата го поддржуваат американскиот став кон Ирак - 2003-02-11

Десет источноевропски држави изјавија дека ирачкиот диктатор Садам Хусеин материјално ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН во кои од него се бара да се разоружа. Во соопштението што беше објавено на 5-ти февруари се вели: “Нашите земји ја сфаќаат опасноста што ја претставува тиранијата и посебната одговорност да се бранат заедничките вредности…Трансатлантската заедница, на која и припаѓаме, мора заеднички да се спротивстави на заканата што ја претставува врската меѓу тероризмот и диктаторите со оружје за масовно уништување.“ Изјавата беше потпишана од министрите за надворешни работи на Албанија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија, Словачка, Словенија, Естонија, Латвија и Литванија. Овие држави ја сочинуваат групата позната како “Вилнус 10“, што го носи името по главниот град на Литванија. Вилнус 10 се изјаснија дека се подготвени “да дадат свој придонес во меѓународната коалиција што ќе го спроведе разоружувањето на Ирак“.

Оваа декларација уследи само неколку дена откако лидерите на Шпанија, Португалија, Италија, Британија, Унгарија, Полска, Данска и Чешката Република, повикаа на единство против ирачката закана. Во коментарот што беше објавен во главните весници, европските лидери предупредија дека резолуцијата 14-41 на ОН “е последна шанса Садам Хусеин да се разоружа на мирен начин“.

Во излагањето пред Советот за безбедност на ОН, американскиот државен секретар Колин Пауел презентираше непобитни докази дека “Садам Хусеин и неговиот режим ги кријат обидиte да произведат повеќе оружје за масовно уништување“. Одбивањето на ирачкиот диктатор да се разоружа е директен предизвик за ОН. Тоа е закана за можностите на Советот за безбедност да го сочуваат меѓународниот мир и безбедноста. Народот во Европа од трагичното искуство знае дека смирувањето на агресивните диктатори претставува покана за повеќе агресија. Затоа 18 европски држави сега јавно ја соопштија нивната поддршка за акција за да се обезбеди Ирак да ги исполни барањата на Советот за безбедност на ОН.

Тоа беше уредничкиот коментар што ги одразува ствовите и политиката на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, испратете го на адреса: Едиториалс ВОА, Вашингтон ДЦ, 20237 УСА. Можете да реагирате и на адреса даблју даблју даблју ИББ точка гов коса црта едиториалс, или пак на факс 202 619 1043