На 99 години, нема намера да се пензионира!

На 99 години, нема намера да се пензионира!

Гинисовата книга на рекорди вели дека овој 99-годишниот Антонио Мансинели е најстариот бербер на светот.Пострижува коса уште од 12-години.


Ја открива тајната:без цигари, без пиење, без прекумерно јадење, вредна работа и – муабет со муштериите.

„Ги потстрижувам со години и сакам да продолжам.Не ни помислувам да се пензионирам – ќе продолжам до крај“, најавува Мансинели.

Сега за потстрижување наплаќа по 12 долари.Кога ја започнал кариерата 1920-те – по 25 центи.Берберите тогаш се грижеле и за други нешта освен за косата.

„Користев пијавици.Доаѓаа муштерии со висок крвен притисок, ќе им ставев пијавици за да одземат дел од крвта и велеа дека се чувствуваат подобро“, раскажува Мансинели.

Горел брадавици со вжештени игли, лечел болка со лепење топли чашки на кожата.Сега само потстрижува, но муштериите велат дека е најдобар во околината.Велат - одличен бербер кој не користи машинка, само ножици.

Муштериите се причина Мансинели да не запре.

„Дојде еден човек и ми вели:Антонио, можеби не се сеќаваш на мене, ми ја потстрижуваше косата кога бев детенце“, вели тој со насмевка на лицето и оптимизам што веднаш освојува.

Најстариот бербер на светот надживеал многу муштерии.40 години работел седум дена во неделата, а се` уште може да потстриже по 25 муштерии на ден, затоа што – нема намера да запре.