Физичка активност за квалитетна старост

Физичка активност за квалитетна старост

Универзитетот на Мисури разви програма за луѓето да влезат во добра физичка форма. И не само тоа – туку и за борба против гојазноста и сите болести поврзани со тоа.

Специјалистот за фитнес Стив Бол вели дека програмата се вика „Пирамида на мојата активност".

Тој признава дека да се биде физички активен на дневна база е тешка работа, но уверува дека програмата нуди начини за постигнување на препораките за здрав и квалитетен живот во постари години.

Бол вели дека возрасните треба да почнат со вежбање на дното на пирамидата, како што е одење или качување по скали. Потоа доаѓаат аеробички вежби што помагаат за здравје на срцето и белите дробови, со подобрување на циркулацијата.

На возрасните им треба најмалку 150 минути умерено вежбање неделно. Но Бол вели дека не мора се` да се заврши наеднаш. Тоа може да се подели на 30-минути дневно, а тоа уште повеќе – на по 10 минути вежбање.

Вежбањето помага да се задржи мобилноста и независноста, но спречува и падови. Падовите се водечка причина за смрт кај постарите и голема причина што се сместуваат во старечки домови со медицинска грижа.

За Елен Браун, една од учесничките во програмата, вежбањето и помага во намалување на болките од артритис.

За друг учесник, Бил Кроу, вежбањето со тегови го гледа како вид на осигурување, зашто му помага да одржува рамнотежа и да не падне.

Не е занемарлива ни користа по џебот, велат учесниците во програмата. Вежбањето е поевтино од хоспитализирање и плаќањето за живеење во специјални домови. Но поважно од се` е – што ги прави посреќни.