Преку 30 мртви во бомбашки напад во Ирак

Преку 30 мртви во бомбашки напад во Ирак

Најмалку 31-но лице загина а 48 се повредени во серија самоубиствени бомбашки напади што средата го потресе градот Бакуба во северниот дел на Ирак.

Ова е најкрвав инцидент во последните недели, а се случи непосредно пред парламентарните избори закажани за 7-ми март.

Полицијата вели дека првите двајца напаѓачи активирале автомобили-бомби во близина на владин објект и полициска станица. Третиот успеал да влезе во возило за прва помош со повредени во овие напади и го паркирал пред болница, каде го активирал експлозивот што го носел со себе.

Засега никој не презеде одговорност за нападот. Ирачката полиција веднаш воведе полициски час и наведува дека уапсила четири осомничени.

И американски, и ирачки претставници предупредија дека бунтовниците ќе ги зајакнат нападите во обид да ги попречат изборите.