Самитот на Обама за здравствената заштита не ја реши партиската поделеност

Самитот на Обама за здравствената заштита не ја реши партиската поделеност

<!-- IMAGE -->

Средбата посветена специјално на реформата на здравствената заштита во САД, чиј домаќин беше претседателот Барак Обама, заврши без согласност за прашањето што и досега предизвикуваше поделби меѓу републиканските и демократските пратеници.

На шестчасовниот состанок четвртокот во Вашингтон неколкупати дојде до напнати моменти. Мнозинските демократи дадоа поддршка за нацрт-законот за реформа на заштитата, додека малцинските републиканци побараа тој да се отфрли и да се почне наново.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека е предоцна да се подготви нова легислатива, како и дека многу предлози од постојниот нацрт дошле од републиканците, поради што би требало да ги поддржат.

Но, републиканскиот сенатор Ерик Кантор тврди дека предлогот што го поднесоа демократите е прескап и ќе го зголеми националниот долг.

Обама кажа дека реформата на здравствената заштита станала „мошне партиска и идеолошка битка“ и дека мора да се смени самиот тон на дебатата.