Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни понеделникот беше примен во болница во Вашингтон понеделникот поради болки во градите.
Чејни има долг историјат на срцеви проблеми, уште од срцевиот удар во 1978-ма, на 37-годишна возраст. Имаше последователни удари во 1984-та и 1988-ма, по што му беше направена четирикратна бај-пас операција. Во 2001-ва му беше вграден пејсмејкер за регулирање на чукањето на срцето, а во 2008-ма беше лекуван поради аритмија.
Чејни осум години служеше како потпретседател на Џорџ Буш. По истекот на мандатот, тој остана во фокусот на јавноста со честите коментари за разни политички прашања, а се смета и за жесток критичар на сегашниот претседател Барак Обама. Тој беше советник во Белата куќа и на други позиции за време на администрациите на републиканските претседатели Џорџ Буш постариот, Џералд Форд и Ричард Никсон.