Клинтон испрати честитка за годишнината на  независно Косово

Клинтон испрати честитка за годишнината на  независно Косово

„Од име на претседателот Обама и народот на САД, му честитам на народот на Република Косово што ја слави втората годишнина на независноста на 17 февруари", стои во изјавата на американската Државна секретарка Хилари Клинтон.

„Ова е прилика да се слави развојот на Косово како отворена, унитарна и плуралистичка република, и неговата определба да го исполни ветувањето за демократија за сите луѓе во неа. Косовскиот напредок во изминативе две години покажува определба за одговорно членство во заедницата на држави и за стабилизација на балканскиот регион“, се вели натаму во честитката од американскиот Стејт Департмент.

„И` оддавам признание на владата на Косово за постојано вложување напори за изградба на безбедна и просперитетна иднина за сите косовски граѓани. САД остануваат безрезервен партнер навладата на Косово, определени за зајакнување на косовските институции и натамошно развивање на целосно функционална, демократска и мултиетничка држава способна за исполнување на своите евро-атлантски аспирации", завршува Хилари Родам Клинтон во честитката по повод Денот на косовската независност.