Ретко видена снежна виулица на југот од САД

Ретко видена снежна виулица на југот од САД

Несекојдневен обилен снег на југот од САД петокот затвори училишта и откажа летови, а и е причина за многу сообраќајни несреќи.

Невремето донесе снег, мраз и дожд, од Тексас и Јужна Каролина, па се до Флорида и Џорџија. Аеродромот во Атланта откажа стотици летови поради невремето.
Далас и Форт Ворт во Тексас забележаа рекордни врнежи од речиси 20 сантиметри во рок од еден ден.

Метрото во Вашингтон се уште работи со ограничен капацитет и патувањето со него дополнително е одложено поради излетувањето на вагон од шините петокот. Полицијата јави дека има тројца повредени.

Отворија аеродромите во Њујорк, Филаделфија, Балтимор и Вашингтон, но се` уште има откажани или задоцнети летови.

По прекин од речиси пет дена, агенциите на федералната влада петокот започнаа со работа. Загубата во продуктивноста дневно е проценета на околу 100 милиони долари.