САД: повторно обилен снег, сега на југ

САД: повторно обилен снег, сега на југ

Додека североисточниот дел на САД се опоравува од второто едноподруго големо снежно невреме за помалку од една недела, врнежи од снег го погодија и југот, од Тексас до Флорида.

Снегот беше причина владините канцелари во Алабама петокот да останат затворени. Далас и Форт Ворт во Тексас забележаа рекордни врнежи од речиси 20 сантиметри во рок од еден ден.

Североисточниот дел на САД полека се опоравува од обилниот снег. Отворија аеродромите во Њујорк, Филаделфија, Балтимор и Вашингтон, но се` уште има откажани или задоцнети летови.

Главниот американски град и околните Мериленд и Вирџинија побараа помош од федералната влада за трошоците на расчитувањето.

Гувернерот на Вирџинија напомош ја повика Националната гарда за отстранување на снегот во тешко погодените области во близина на Вашингтон.

По прекин од речиси пет дена, агенциите на федералната влада петокот започнаа со работа. Загубата во продуктивноста дневно е проценета на околу 100 милиони долари.

Според националната меторолошка служба, последното невреме во Вашингтон донесе 53 сантиметри снег, а само неколку дена пред тоа паднаа околу 90.