Федералната влада понеделникот им наложи на над 200 илјади свои вработени да останат дома по обилните врнежи на снег што го зафатија источниот дел на САД, од Вирџинија до Делавеар, а што однесе две жртви. Затворени се сите нужно непотребни федерални агенции, како и училиштата, а на аеродромите има големи застои и откажани летови. Десетици илјади лица се без електрична енергија, а итните служби се обидуваат да ги поправат дефектите. Жителите во Вашингтон и околината ги чистат огромните количества на снежни наноси.
Снежбата бура донесе 60 сантиметри снег во Вашингтон, што е меѓу најголемите врнежи во историјата на главниот град на САД.