Опадна стапката на невработеност во САД

Опадна стапката на невработеност во САД

Стапката на невработеност во јануари опаднала за три десетини од процент на ниво од 9,7 проценти – најниско ниво во последните пет месеци.

И покрај малото подобрување наведено во петочниот извештај на владиниот Оддел за труд, американската економија во јануари загубила 20.000 работни места. Со нив, вкупниот број на згаснати работни места во последните две години изнесува 8,4 милиони.

Кристина Ромер, која е на чело на Советот на економски советници на претседателот Барак Обама, изјави дека невработеноста останува „тежок“ проблем. Според Ромер, новите податоци сепак содржат „охрабрувачки знаци“ дека пазарот на трудот постепено заздравува.

Иако економскиот растеж заживува, се очекува стапката на невработеност да остане во близина на 10 проценти поголемиот дел од годината, што е блиску до нејзиното највисоко ниво во последните 26 години.